Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжува и понатаму да ја следи ситуацијата во Турција и Сирија.
Граѓаните и овој пат ја покажуваат својата солидарност на дело. Заклучно со 10.02.2023 година преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 16.095.831денари.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
- Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
- како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
- За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина:
- Зимски семејни шатори
- Ќебиња
- Греалки на струја/плин
- Церада (постилка за на земја)
- Церада (зимска)
- Вреќи за спиење
- Столици на расклопување (се претвора во кревет)
- Креветчиња на расклопување
- Фенер на соларно напојување
- Кујнски сетови
- Храна и средства за хигиена ( според стандардите за хуманитарна помош)
Задолжително сите донирани артикли да бидат нови.
Приоритет да се става на (зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња).