АПСЕЊА ВО ТУРЦИЈА: Приведени 12 лица поради уривање на зградите, меѓу нив има изведувачи

Турската полиција приведе 12 лица за уривање згради во југоисточните провинции Газиантеп и Шанлиурфа во силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Турција, а меѓу приведените има и изведувачи, јави турската агенција DHA.

Најмалку 6.000 згради се урнаа по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, при што загинаа повеќе од 25.000 луѓе, што предизвика гнев во јавноста поради неквалитетната градба. Се очекуваат повеќе апсења бидејќи државниот обвинител во Дијарбакир, една од 10-те југоисточни провинции погодени од земјотресот, денеска издаде налози за апсење на 29 лица.

Еден од уапсените бил градежен изведувач во Газиантеп, објави агенцијата, додавајќи дека полицијата го пронашла во Истанбул. Обвинителите покренаа неколку истраги во неколку провинции, вклучително и Кахраманмарас, каде што се наоѓаше епицентарот на земјотресот.

Во петокот турската полиција го уапси изведувачот на висококатницата со луксузни станови, која се урна во провинцијата Хатај. Тој бил уапсен на аеродромот во Истанбул додека се обидувал да побегне од земјата.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ