Илјадници луѓе ги загубија животите во земјотресите во Турција и Сирија, но многумина и добија нова шанса за живот.
Меѓу нив се и 104 бебиња кои се родиле по страотните земјотреси минатата недела во Турција и Сирија.
Од вкупно 342 трудници кои се спасиле и се на лекување, до денес се породиле 104, а во инкубаторите во овие моменти во болницата во Мерсин се и близнаците на парот Хаџиоглулари.
Тие раскажуваат како нивниот дом се срушил пред нивните очи додека новородените близнаци биле во болницата во инкубатор.
Веднаш се упатиле кон болницата, а кога ја виделе дека буквално е среушена целосно ќе се онесвестеле…
„Ги спасивме нашите деца и ни дадоа боца со кислород, беше критично. Фала му на Бога сега моите деца се добри“, изјавил таткото за турските медиуми.
Вели дека не знае како се спасиле, а во истата секунда им текнало на нивните близнаци иако домот им се рушел пред очите.