Исчезнат маж пронајден во стомак на ајкула, семејството го идентификувало по тетоважа

Во ајкула се пронајдени посмртните останки на маж од Аргентина кој исчезнал на средина на месецов.

Диего Бариа (32), татко на три деца, последен пат бил виден на 18 февруари како го вози своето возило во близина на брегот во јужната аргентинска провинција Чубут.

Двајца рибари пријавиле дека уловиле три ајкули во близина на местото каде што било пронајдено возилото на Диего во неделата наутро, пишува Sky News.

Рибарите изјавиле дека пронашле човечки остатоци во една од ајкулите додека ги чистеле.

-Семејството на Диего го идентификувало преку „тетоважа пронајдена на еден од останки“, изјави Даниела Милатруз, полицаец вклучена во потрагата по него.

Таа додаде дека ќе се направи ДНК тест за да се потврди неговиот идентитет.

Иако не е јасно што точно се случило, истрагата продолжува. Возилото на Диего било пронајдено на плажа два дена по неговото исчезнување.

Ајкулата во која се пронајдени човечките останки е долга 1,5 метри, а се претпоставува дека Диего доживеал несреќа и бил одвлечен од водата.

Според властите, имало силен бран во текот на викендот кога Диего исчезнал.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ