ПАТНИЦИТЕ БЕГААТ НИЗ ПЕКОЛНИТЕ 1200 СТЕПЕНИ – овие морничави снимки настанале неколку секунди по кобниот судир во Грција (ВИДЕО)

Густ чад, оган и вознемирени луѓе кои бегаат на безбедно, ова се сцените на кои самите патници се сеќаваат по спасувањето од патничкиот воз кој се судрил со товарен во Грција вчера доцна вечерта.

„Сите надвор, таму има пожар“, се слуша како вика некој од патниците на едно од видеата.

Патниците од возот бегаа низ дупките или скршените прозорци се со цел да си го спасат својот живот.

Како што пожарникарите изјавиле за грчките медиуми, огнот бил насекаде, а во вагоните кои гореле речиси два часа температурата достигнала дури 1200 степени Целзиусови.

Ова инаку е најсмртоносната железничка несреќа во последните неколку децении во Грција, досега има 32 жртви и повеќе од 85 повредени, но се стравува дека тој број би бил многу поголем.



ОСТАНАТИ ВЕСТИ