Бројот на загинатите во земјотресот во Турција е над 45.000, соопштија денеска турските власти.
Според официјалните податоци, земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари однесе околу 53.000 животи.
Повеќе од 108.000 луѓе беа повредени во Турција, додека милиони останаа без покрив над главата.
Уништени се повеќе од 160.000 згради.