Пожар избувна во зградата на руското Министерство за внатрешни работи

Во зградата на главната дирекција на руското Министерство за внатрешни работи во Москва денеска избувна пожар, изјави за ТАСС извор од безбедносните служби.

– Пожарот изби на третиот кат во Министерството, на улица Петровка бр. 38, петта зграда, вели изворот.

Над зградата се издигнал густ чад, а според првичните информации пожарот зафатил градежни материјали лоцирани во канцеларијата на третиот кат.

Засега нема информации за повредени или за големината на материјалната штета, пренесува ТАСС.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ