Најмалку две лица загинаа, а 16 се повредени откако патнички воз излета од шините северно од Каиро, соопштија египетските власти. Возот излетал од шините додека минувал низ станицата Каљубу на пат кон градот Менуф во делтата на Нил, се наведува во соопштението на државното обвинителство. Покрената е истрага за причините за несреќата.
Најмалку 20 возила на брза помош се испратени на местото на несреќата, а повредените се префрлени во блиските болници, соопштија египетските власти.
Во изминативе години, египетската влада најавуваше иницијативи за модернизација и подобрување на железницата, а во 2018 година, претседателот Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека се потребни околу 250 милијарди египетски фунти (околу 8,13 милијарди долари) за ремонт на железничката мрежа. (МИА)