ОН: Сириската Влада сноси дел од одговорноста за неуспехот на меѓународната помош

Обединетите нации денеска соопштија дека Владата на Сирија, но и други актери, сносат одговорност за доцнењето на меѓународната помош за луѓето кои беа најмногу загрозени од последиците од катастрофалните земјотреси минатиот месец.

Во соопштението на истражната комисија назначена од ОН се наведува дека „хорот на меѓународните критики“ е предизвикан од улогата и активностите на меѓународната организација веднаш по земјотресот во Сирија во кој загинаа околу 6.000 луѓе, главно во областите на северозападниот дел на земјата, во близина на границата со Турција, кои се под контрола на бунтовниците.

„Иако имаше многу херојски акции во најтешките моменти на страдање, бевме сведоци и на голем неуспех на сириската Влада и меѓународната заедница, вклучително и Обединетите нации, спасувачката помош брзо да се достави до оние на кои им беше најпотребна“, изјави претседателот на истражната комисија на ОН, Пауло Пињеиро. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ