14-годишно момче познато како „Ел Чапито“ уби осум луѓе во Мексико

Мексиканските власти уапсија 14-годишно момче со прекар „Ел Чапито“ за убиство на осум лица поврзани со дрога, во близина на Мексико Сити, соопшти федералниот оддел за јавна безбедност во четвртокот.

Момчето отворило оган врз семејство во сиромашното предградие на Мексико Сити Чималхуакан, возејќи се на мотоцикл. За убиството, исто така, е уапсен уште еден човек, а други седум членови на бандата се уапсени под обвинение за дрога.

За време на нападот жртвите правеле забава во нивниот дом, а ранети се и пет возрасни и две деца. Најверојатно тоа било роденденска забава.

Името на момчето не е објавено, но неговиот прекар „Малиот Чапо“ очигледно е референца на затворениот нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман.

Мотивот за убиството не е објавен во јавноста, но нарко бандите во Мексико често се занимаваат со киднапирања и нарачани убиства. Тие убиваат и ривали кои продаваат дрога на нивна територија или луѓе кои собираат пари од нив.

Децата убијци за жал не се нешто ново во Мексико. Во 2010 година, војниците уапсија 14-годишно момче со прекар „Ел Пончис“, кое тврдеше дека бил киднапиран на 11-годишна возраст и принуден да работи за Картелот Јужен Пацифик, огранок на бандата отцепена Белтран Лејва. Тој рече дека учествувал во најмалку четири обезглавувања.

По апсењето, момчето, идентификувано од властите само како Едгар, им кажа на новинарите дека бил дрогиран и му се заканувале.

Исто така во четвртокот, обвинителите во северната погранична држава Сонора соопштија дека уапсиле жена поврзана со дури девет убиства во пограничниот град Мексикали.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ