Пакистанската полиција уапси десетици приврзаници и помошници на поранешниот премиер Имран Кан во рации во два града, како дел од акцијата против лица вклучени во неодамнешните судири со безбедносните сили.
Ова денеска го соопштија од полицијата и партијата на Кан Терек-Е-Инсаф (ПТИ).
Приврзаниците на партијата се судрија со полицијата во градот Лахоре минатата недела, кога полицијата се обиде да го уапси Кан во неговиот дом.
Поддржувачите на ПТИ потоа се судрија со полицијата во Исламабад, кога Кан објави дека добил покана да се појави на суд.
Откако беше сменет од функцијата премиер на изборите во парламентот, Кан побара предвремени избори и организираше протестни собири низ целата земја. (МИА)