СТРИЖАК – Нашето непроценливо и недопирливо богатство! Стижак НЕМА да биде допрен и со тоа НЕМА компромис!

Планината Јабланица со своите значајни природни вредности и богат биодиверзитет, особено истакнат Стрижак, еден од највпечатливите врвови на Балканскиот полуостров со надморска висина од 2.233м., е во интензивна фаза за прогласување на Национален парк!Како што е запознато населението, во 2015г. дозвола за рушење на Стрижакот доби концесионерот Илинден АД.

Но ниту тогаш, ниту било кога, нема тоа рушење да се случи!Поучени од судска пракса, Илинден АД покрена тужба за враќање на концесија, па после неколку одложувања рочиштето е закажано за 23.03.2023 во Управен суд – Скопје.Месна заедница заедно со НАТУРА ЛАБ интензивно работеше на обезбедување на докази и истите ги достави до Судот.

Еден од приоритетните проекти е проектот за водоснабдување, каде најголем дел на изворите се наоѓаат во концесиското поле. Проектот е изработен од Дип.Инж. Шасим Османи, човек кон кого имаме посебна почит, присуствуваше и на претходното рочиште, а ќе биде и присутен на следното.

Следен проект кој е во финална фаза е прогласување на планината Јабланица за Национален парк. Според проектот нашиот дел, особено Стрижакот е во зона на строга заштита.Очекуваме Судот да донесе праведна Пресуда.

НАТУРА ЛАБ секогаш ќе биде во заштита на природата, особено нашата планина. Без разлика на исходот, Стижак НЕМА да биде допрен и со тоа НЕМА компромис! Со почит,НАТУРА ЛАБ

ОСТАНАТИ ВЕСТИ