САД го повикаа НАТО на подготвеност за знаци за можна употреба на нуклеарно оружје на Русија во Украина

САД и НАТО сојузниците да останат во состојба на повишена спремност за знаци дека рускиот претседател Владимир Путин може да употреби тактичко нуклеарно оружје во „менаџирана“ ескалација на неговата војна во Украина, изјави синоќа Венди Шерман, заменичка државен секретар во американскиот Стејт департмент.

Предупредувањето таа го даде на годишната конференција на НАТО за контрола на оружјето која во Северна Америка се одржува за првпат откако оваа конференција се организира од 2004 година.

-Сите гледавме и се загриживме дали Владимир Путин може да употреби она што тој го смета за нестратешко, тактичко нуклеарно оружје или да употреби некој демонстративен ефект да ескалира, но во ескалација со менаџиран ризик, изјави Шерман, додавајќи дека „е мошне критично да останаме будни за ова“.

На отварањето на конференцијата зборуваше и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој неодамна бјавените планови на Путин да стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ги нарече дел од еден обрзац на „опасна, неодговорна нуклеарна реторика“ која се повторува цела година.

-Алијансата следи мошне внимателно што прават тие (Русите), изјави тој.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ