Бени Османоски најави кик-бокс спектакл во Струга

– Бени Османоски од струшко, Октиси е освојувач на 6 светски титули, 4 европски и 4 швајцарски титули.

Османоски, неодамна беше прогласен за најдобар кик-боксер на градот Биел во Швајцарија за 2022 година. Наградата што ја добива петти пат му ја додели швајцарската министерка за спорт и градоначалникот на Биел.

Бени Османоски за летниот период најави кик-бокс спектакл во неговата родна Струга наречен „Fight 4 Glory“. Настанот ќе се одржи на ракометното игралиште на 28-ми јули 2023 година со почеток од 19:00 часот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ