Полицијата пронајде марихуана кај 20-годишен стружанец на улицата „Нико Нестор“

На 9-ти мај 2023 година, околу 20:00 часот, пред казино лоцирано на улицата „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 20-годишниот жител од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

извор: МВР

ОСТАНАТИ ВЕСТИ