Полицијата пронајде најлонска кеса со марихуана на патот Охрид-Струга

На 11-ти мај 2023 година, во 20:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од ОВР Струга, сопреле патничко возило марка „Сеат Кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Г.Ш. од Скопје.

– При преглед во возилото, пронајдена и одземена е една најлонска кеса со опојна дрога Марихуана. Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ