Во организација на Нуркачкиот Центар Амфора од 07 до 09 Јуни се одржа курс за заштита на природата.
Станува збор за специјализиран курс за препознавање на видовите на флората во Охридското Езеро, класификација и заболување.
Курсот го водеше Silke Oldorff одделенски менаџер на VDST, и лидер на тимот на стручњаци од NABU (Nature and Biodiversity Conservation Union) од Сојузна Република Германија.
Курсот успешно го завршија и се сертифицираа седум нуркачи од Амфора.
Со ова Нуркачкиот Центар Амфора од Охрид се верифицира и влезе во големото европско семејство за заштита на животната средина.
Низ секојдневните нуркања, нуркачите на Амфора ќе ја пратат состојбата на флората во Охридското Езеро и ќе алармираат пред се до Хидробиолошки завод и до NABU за одредени нарушувања.
За полесно препознавање на флората Амфора на поклон од NABU доби современ електронски микроскоп.
За реализација на курсот, Амфора доби голема поддршка од НУ Завод и музеј Охрид, Хидробиолошки завод и Општина Охрид.