Ковачевски на Преспа форумот за дијалог: Предизвиците ги претвораме во можности со функционален пример за дијалог, применлив и за регионот и Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на официјалното отворање на Преспа форумот за дијалог, што се одржува денеска и утре во Струга.

Премиерот Ковачевски ја отвори сесијата:  „Договорот од Преспа за пет години: предизвиците претворени во можности”, на којашто присуствуваат претставници на високо политичко ниво од регионот и од Европската Унија, САД и НАТО.

ави крај на предизвиците – во регионот, во Европа, во светот.

Нереално е да се очекува да се стави крај на предизвици, бидејќи предизвици секогаш постоеле, постојат и ќе постојат, затоа што на нив е поставен развојот.

Успехот е во тоа да умееме сите заедно предизвиците да ги претвориме во можности и да продолжиме по патот на напредокот.

Република Северна Македонија, во таа насока е пред нов предизвик, кога треба сите во државата да покажеме одговорност за европската иднина на државата и по членството на НАТО, да станеме членка на ЕУ. И јас сум убеден и работам на тоа да се израдуваме со успех.

Го имаме најдобриот договор со ЕУ кој може да го добиеме, којшто ги штити нашите македонски идентитетски обележја, нашиот јазик, нашата култура, нашиот идентитет, со којшто никој не смее да се коцка.

Ја имаме огромната и сестрана поддршка од нашиот стратешки партнер САД и од нашите европски партнери.

И се надевам дека дијалогот, којшто стана нашиот заштитен знак, ќе ни донесе ново, политичко обединување дома, за да ги донесеме потребните одлуки во нашето Собрание, коишто имаат одредувачка насока за нашето полноправно членство во ЕУ.

Исто така, се надевам дека нашиот вреден пример ќе инспирира и други држави од регионот со отворени билатерални прашања, да дојдат до применливи решенија.  

Европската Унија отсекогаш му била потребна на Западен Балкан.

Но денес и Западен Балкан ѝ е потребен на ЕУ, посебно ако се земат превид предвид новите геополитички и безбедносни случувања. И ова е момент што нашата држава не смее да го пропушти и секој кој е одговорен не смее да дозволи оваа шанса да се пропушти.

Република Северна Македонија веднаш и ефикасно се постави стопроцентно на линија на надворешната политика на ЕУ во однос на војната во Украина и тоа потсети што значи да сме обединети во демократските вредности.

Другата опција е нестабилност, ризици и конфликти коишто во денешното време на хибридни закани, дезинформации и лажни вести се заканува на европскиот и на светскиот мир и тоа мора да е јасно за сите и кај нас дома и  во регионот и во Европа.  

Имаме обврска да покажеме одговорност кон сопствената улога во зачувувањето на мирот во Европа. И да ја зграбиме својата заслужена шанса.

Затоа што географски, културолошки, историски припаѓаме на Европа.

Затоа што нашите граѓани заслужуваат европски квалитет на живот.

Затоа што нашите млади заслужуваат да им се оствари сонот да живеат во Европа, а тоа да биде нивната родна земја.

Затоа што е можно да ги здружиме силите во нашиот регион и со поддршката што ја имаме од нашите европски пријатели, да ја направиме 2030 година реална цел за проширено европско семејство и интеграција во Европската Унија и на Северна Македонија и на Албанија и на Црна Гора. Целта е сите заедно рамо до рамо, братски да станеме членки на ЕУ. Затоа што човек сам може да стигне некаде брзо, ама со искрени партнери и пријатели може да стигне далеку. Затоа ми е драго што денес со нас се и претседателот и премиерот на Црна Гора, претседателот на Албанија, Министерот за надворешни работи на Хрватска и многу други гости.

Благодарам за вниманието. Ова веројатно ќе биде најдолгиот панел која го видела некоја конференција и веројатно ќе трае два дена со оглед на габаритот на говорниците кои се наоѓаат на бина и сакам сите да ги поздравам”.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ