На аџилак отпатува првата група аџии од Македонија

– Патувањето од Меѓународниот аеродром Скопје до Саудиска Арабија го започнаа 180 од вкупно 2.030 аџии.

СКОПЈЕ (АА) – Првата група верници од Северна Македонија замина кон светите места за да исполни еден од петте услови на исламот – аџилакот, јавува Агенција Анадолу (АА).

Патувањето од Меѓународниот аеродром Скопје до Саудиска Арабија го започнаа 180 од вкупно 2.030 аџии.

На аеродромот беше присутен и муфтијата на Тетовското муфтиство, Ќани Несими, кој ги испрати аџиите заедно со блиските и семејствата на аџиите.

Несими во изјавата за новинарот на АА истакна дека денешната група е прва група и од Тетово и од Северна Македонија што отпатува на аџилак.

„Моментно отпатуваа 180 аџии. Ја имаме и групата од 180 лица (што ќе отпатуваат) навечер. Имаме и трета група што ќе оди утре, исто така, авионот е со 180 лица. И на овој начин ќе продолжи и ќе заврши наредниот четврток“, рече Несими.

Тој потсети дека од Северна Македонија има 2.030 аџии што одат за извршување на аџилакот во Саудиска Арабија.

„Посакувам да поминат убаво. Господ нека ги прими извршените обреди. Посакувам да се вратат здрави, да се молат за нас и да се вратат расположени и задоволни“, додаде Несими.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ