(Видео) Пак вандализам на Колосеум: Една буква ќе ја чини Швајцарката и до 15.000 евра

Откако британскиот државјанин Иван Д. влезе во светските медиуми бидејќи на ѕидот на Колосеумот го издлабил своето и името на неговата девојка, овој вандалски чин го повтори и тинејџерка од Швајцарија.

17-годишната Швајцарка завчера ја издлабила буквата „Н“ од своето име на ѕидот на Колосеумот.

Сега се соочува со затворска казна и парична казна до 15.000 евра. според италијанските медиуми.

Сцената ја снимил Давид Батаљино, туристички водич, кој бил со група странски посетители, од кои еден му пријавил што прави девојката.

„Аплаузите и извиците што се слушаа во позадина всушност беа неодобрувачки, но младата жена на почетокот не сфати… Потоа, кога ја сфати огорченоста, се фати“, изјави авторот на видеото за телевизија Коријер.

Водичот потоа ја следел девојката, која била таму на одмор со семејството, за да ја пријави во обезбедувањето на амфитеатарот Флавијан и да им достави на вработените копија од видеото, кое потоа го прегледала полицијата на плоштадот Венеција.

Таа ќе треба да одговара за прекршувањето на правилата на општинската полиција со кои се предвидува забрана за загрозување на уметничкото, историското и монументалното наследство на градот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ