Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 отсто.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,435 отсто, кај дизелот за 5,152, кај екстра лесното масло за 1,608 и кај мазутот за 1,143 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,06 отсто.