Не очекува сончев ден со умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени

На последниот ден од 2023 година, временската прогноза предвидува сончев ден со умерена облачност. По котлините ќе има појава на магла која околу пладне ќе се намали, а во вечерните и особено во ноќните часови повторно ќе се формира.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Како што информира УХМР, продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури. Во вторник и среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5 степени, а максималната од осум до 15 степени.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ