Налепниците се бесплатни, а треба да ги набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК.
Министерството за внатрешни работи почна да ги дистрибуира налепниците со ознака NMK до референтите за сообраќај во подрачните станици за технички преглед.
Од МВР информираат дека граѓаните ќе можат да ги подигнат во најблиската станица за технички преглед.
Налепниците се бесплатни, а треба да ги набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК.
Промената на ознаката МК во NMK на регистарските таблички е обврска од Преспанскиот договор која треба да се реализира до 12 февруари.
Налепници наместо целосна замена на регистраските таблички побараа превозниците за да не ја менуваат целосната документација за камионите, приколките и полуприколките, но деновиве реагираа дека поради доцнењето на налепниците со новотo име на државата ќе трпат огромни загуби бидејќи нивните возила нема да можат да излезат од земјава.
Реагираа и туристичките превозници кои имаат сопствен превоз и автобуските превозниcи кои сообраќаат на релации во странство.
Камионските и автобуските превозници бараат поорганизирана распределба на налепниците за да немаат застој во договорите за превоз на стока и na патници.
Сега имаат 3 дена да ги набават налепниците до последниот рок 12 февруари.