НАШАТА ПОБЕДА ДОАЃА ПОРАДИ ЕДИНСТВОТО Таравари се обрати од Куманово

Секогаш во Северна Македонија, од 2011 година опозицијата има повеќе гласови од ДУИ, но ние не сме биле обединети. Сега сме сите заедно во коалицијата ВЛЕН. Го имаме и благословот на премиерот Албин Курти и овој сојуз ни обезбеди победа, бидејќи промените вреда, рече Таравари.

Победата ќе дојде поради обединувањето на опозициските партии. Така кажа кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешниот митинг во Куманово.

– Нè има многу. Обединети сме да победиме овој пат. Секогаш во Северна Македонија, од 2011 година опозицијата има повеќе гласови од ДУИ, но ние не сме биле обединети. Сега сме сите заедно во коалицијата ВЛЕН. Го имаме и благословот на премиерот Албин Курти и овој сојуз ни обезбеди победа, бидејќи промените вредат – рече Таравари.

Таравари истакна дека кај народот има ентузијазам и поддршка за ВЛЕН и на овие избори нема друга алтернатива освен промена.

– Имаме отворени врати насекаде во Северна Македонија, но и во Приштина и во Тирана. За жал, не можам да го кажам ова за мојот противник. Тој си ја затвори вратата за себе и ги знаеме причините – рече Таравари.

Според Таравари, неговата ориентација како претседателски кандидат, но и како коалиција е прозападна, додека во другиот табор има луѓе со црни листи и со руски и српски капитал.

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари ги истакна и 4-те главни столба на неговата претседателска програма и дека оваа програма е обединувачка, без измами и без празни зборови, додека 22 години владеење кај Албанците имаше само лошо владеење.

– Гледаме колку е неопходна промената. Повеќе од она што го нагласуваме, овој факт го покажува состојбата на терен, разговорите со луѓе и секојдневните скандали на институционалните и државните чинители. Кога скандалите и аферите стануваат секојдневие, промената е неопходност, додека решението никогаш не било полесно од овој пат – рече на крајот Таравари.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ