ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, А.В.(33) и И.С.(37), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „измама“.
Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Струга и Охрид, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени.
На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари.