Молња која го осветлува вечерното небо над Охридското Езеро) Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на суградица вечерва имаше во југо-западните делови од Македонија.
Силно погодено беше подрачјето на Струга. Невремето од Охридското крајбрежје се префрли кон Пелагонија и градовите Битола и Прилеп.
Има известувања дека во некои делови од струшкиот регион нема струја поради силните електрични празнења и грмотевици.