[ФОТО] Ова е најповолната туристичка дестинација во Европа – еве зошто е толку посебна

„Travel Оff Path“ е една од најпосетените интернет страници во САД посветени на патувањата.

Во последната репортажа тие особено внимание ѝ посветиле на Босна и Херцеговина за која велат дека е исклучително гостопримлива и пристапна дестинација.

Американскиот магазин, „Travel Off Path“ неодамна направил листа на најповолни европски дестинации за 2024 година. Магазинот на своите читатели им предложил три европски дестинации, Босна и Херцеговина, Албанија и Бугарија, за кои наведува дека се исклучително пристапни.

„Босна и Херцеговина е неоткриениот бисер на Европа којшто долго време бил занемарен поради поновата историја“, навеле од страницата.

„Меѓутоа, време е тоа да се заборави затоа што станува збор за исклучителна дестинација, една од најразличните на континентот која може да се пофали со голем број историски знаменитости“.

Магазинот особено внимание им посветил на Мостар, Сараево, но исто така и Неум. Овој град на море е најинтересен поради близината со познатиот Дубровник којшто важи за една од најскапите дестинации. Покрај градовите, тука е и неверојатната природа со водопади и реки и единствената прашума во срцето на Европа.

Една недела туристички одмор во Босна и Херцеговина ќе ве чини околу 520 долари, вклучувајќи сѐ освен авионската карта, навеле од страницата.

Од друга страна, за една недела во Албанија, според нивните процени потребно е да издвоите околу 546 долари по лице, додека за една недела престој во Бугарија потребно е да издвоите над 1.100 долари.


ОСТАНАТИ ВЕСТИ