Поради долготрајните горештини деновиве, во Јадранот се бележат рекордни температури на морињата кои влијаат на целиот морски екосистем.
Имено, морето во северниот дел на Јадранот веќе подолго време цвета, а медузи има сè повеќе, особено во заливите каде морето е поплитко и побрзо се загрева, пишува „N1“.
Ако сте меѓу оние кои имале блиска средба со медуза, добро исплакнете ја изгореницата со морска вода и изладете ја со облоги.
„Може да нанесете јаболков оцет ако раната не се отворила или да одите на лекар каде може да добиете крема за опекотини од медузи, комбинација од кортикостероиди и антибиотици, само за побрзо да ја залечите повредата“, изјави д-р Иван Стегиќ за ХРТ.
Малите хидромедузи не се опасни, а поради поголемото затоплување на морето годинава, се појавија во близина на плажите веќе на крајот на јуни.
Се чини дека, посочуваат експертите, зголемениот број на медузи во Јадранското Море ќе стане нормален. Затоа што секоја година станува потопло, а медузите сакаат топли мориња.