Неколку реки во централна Европа се излеаја од коритото во понеделникот, предизвикувајќи поплави во кои загинаа најмалку 10 луѓе од Полска до Романија, при што многу градови беа покриени или погодени од поплави по неколкудневните обилни дождови.
Пограничните области меѓу Чешка и Полска беа силно погодени во текот на викендот. Некои мостови се урнаа и куќи беа уништени, додека села и градови во источна Романија беа потопени.
Австриската влада ја прогласи целата покраина Долна Австрија погодена од поплавите, околу главниот град Виена и на границата со Чешка за област на катастрофа.
Портпаролот на противпожарната станица во понеделник наутро изјави дека ситуацијата е мирна во текот на ноќта.
Сепак, до вторник во земјава се очекуваат дополнителни 60 литри дожд на метар квадратен, изјави државен претставник.
Метеоролозите на јавната телевизија ОРФ предвидоа уште повеќе врнежи во одредени делови на Австрија како Тирол и источниот дел на земјата.
Неколку стотици луѓе се спасени од поплавите во Долна Австрија, соопштија противпожарните служби. Пожарникар загина во неделата додека вадеше вода од подрум.
Иако нивото на водата се намали во Виена, во понеделникот имаше огромни проблеми со јавниот превоз и повеќето линии на метрото во градот со два милиони жители беа само делумно функционални.