Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека убиството на лидерот на либанската група Хезболах, Хасан Насрала е „мерка за правда за неговите многубројни жртви“ и дека САД целосно го поддржуваат правото на Израел да се брани од Иран, држава која ја поддржува групата.
Бајден рече дека му рекол на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин дополнително да ја подобри одбранбената положба на американските воени сили на Блискиот Исток со цел да се намали ризикот од ескалација на конфликтот, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека САД сакаат тековниот конфликт во Газа и Либан да се реши преку дипломатија.
Хезболах претходно денеска потврди дека Саид Хасан Насрала бил убиен во израелски воздушен напад.
Насрала многумина го сметаа за најмоќниот поединец во Либан кој имал 100.000 борци на располагање.
Тој беше секретар на Хезболах од 1992 година.