Најмалку 44 лица загинаа како последица на ударот на ураганот Хелена на југоистокот на САД, кој предизвика материјална штета вредна над 20 милијарди долари.
Повеќе од три милиони луѓе останаа без струја за викендот, а многу области се уште се загрозени од поплави.
Ураганот ја погоди Флорида со ветрови од 225 километри на час, а потоа брзо се движеше низ сојузните држави Џорџија, Каролина и Тенеси, корнејќи дрвја и уништувајќи згради.
Западна Северна Каролина беше отсечена од одрони од кал и поплави кои принудија затворање на главните патишта.
Стотици луѓе беа спасени од водата, како во источниот дел на Тенеси, каде десетици пациенти и членови на персоналот беа спасени со хеликоптер од покривот на болницата опкружена со вода од надојдената река.
Ураганот сега ослабе до циклон и се прогнозира дека ќе остане над Тенеси во текот на викендот, соопшти Националниот центар за урагани.
Предупредувањата за поплави останаа на сила за делови од јужните и централните Апалачи, додека предупредувањата за силен ветер беа издадени за делови од Тенеси и Охајо.
Според Асошиејтед прес, смртните случаи се случиле во Флорида, Џорџија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Вирџинија.
Рекордни 10 инчи дожд падна во Атланта за 48 часа, најмногу од чувањето на рекорди во 1878 година.
Штетата е проценета помеѓу 15 и 26 милијарди долари.
Климатските промени ги влошија условите што овозможуваат ваквите бури да напредуваат, брзо да се интензивираат во загреаните води и да се претвораат во моќни циклони, понекогаш за само неколку часа.