Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1  

Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, потврди унгарското претседателство со Советот на ЕУ.  

„Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ“, изјави портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов. 

Со ваквата одлука за одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија на 15 октомври и старт на преговорите по Кластерот 1, Албанија практично ќе биде раздвоена од земјава на европскиот пат. Во Кластерот 1 – „Основи вредности“ се вклучени поглавјата Набавки, Статистика, Судство и Основни права, Правда, Слобода и Безбедност и Финансиска контрола.  

ОСТАНАТИ ВЕСТИ