Со големо задоволство ве информираме дека денес е товарено противпожарното возило, донација од Дијаспора Словенија – Сежана, и веќе е на пат кон Лабуништа!
Ова специјализирано возило ќе биде од непроценливо значење за нашата заедница, овозможувајќи брза и ефикасна интервенција при пожари, елементарни непогоди, како и за одржување и чистење на патиштата.
Голема благодарност до донаторите за оваа хумана иницијатива.