Зинеп Исеини од Гостивар е жена борец.
Животот и задал многу неволји.
Кога била дете, нејзините родители се развеле. Ја одгледала нејзината баба, која починала кога Зинеп имала 19 години, оставајќи ја сама!
Како ова да не е доволно, животот ја соочил и со болест! Веќе 21 година таа е на дијализа по 4 часа бидејќи и е потребна трансплантација на бубрег.
Сега има 36 години, без никого, во куќа под кирија, со една соба, бања и кујна.
„Јас сум Зинеп Исеини од Форино, но моментално живеам во оваа куќа. Одам на Дијализа од 15 годишна возраст, значи веќе 21 година одам на Дијализа“, вели Зинеп Исеини.
Во 2007 година, како што раскажува, нејзиниот татко сакал да и го донира својот бубрег, но од страв се откажал неколку моменти пред да влезат во операционата сала. Досега пет пати била повикана на трансплантација, но бубрезите кои биле достапни не и биле соодветни.
„Да, чекам!“
Веќе колку години сте на тој список?
„Веќе четири години!“
Ве имаат досега повикано?
„Пет пати, но анализите не се совпаѓаа! Сега уште чекам!“
Нема некој член од семејството кој може да ви даде…
„Беше татко ми но тој не ми донираше бубрег, многу се исплаши и се откажа!“
Единствената помош што ја добива од државата е 5.000 денари – Грижа за трето лице. Овие средства не се доволни ниту за лековите кои се неопходни за нејзината состојба. Како што вели Зинеп, секој месец и требаат околу 6.000 денари само за лекови, киријата што треба да ја плати чини 4.000 денари, а да не зборуваме за храна и други основни животни производи кои треба да ги покрие во рок од еден месец со овие 5.000 денари државна помош. Затоа, таа апелира до сите хумани луѓе за помош за обезбедување покрив над главата како и финансиска помош за да преживее.
„Туѓата нега која ја примам ја трошам на лекови, не ми остануваат пари за да ја плаќам киријата така да апелирам кој колку има можност да ми помогне и да имам кров над глава што ќе биде мое, за да не размислувам веќе за кирија“, вели Зинеп Исеини
Сите луѓе кои сакаат да и помогнат на Зинеп можат да го сторат тоа со јавување на 070 821 757 или на жиросметката што ја гледате на екранот.
И во тешки услови, Зинеп се одржува во живот со надеж дека некој ќе и подаде рака за помош.
- Зинеп Исени
- 210501774047502
- НЛБ Банка
- Зинеп Исени
- ИБАН: MK07200002223083628
- SWIFT: STOBMK2X
- СТОПАНСКА БАНКА
ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ: 070821757
Билјана Николовска/Садике Х. Бељули