Поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, дел од потрошувачите во општина Струга ќе останат без напојување со електрична енергија во наредните денови.
Според најавата, на 25 февруари 2025 година, од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците во Горниот дел на Мустовци, село Лабуништа.
На 26 февруари 2025 година, од 08:30 до 16:00 часот, ќе има прекин во снабдувањето во делови од селата Велешта, Вевчани, Октиси, индустриската зона Лабуништа и објектот Алуминa.
Истите населени места, заедно со селата Добовјани и Ташмаруништа, ќе бидат без електрична енергија на 26 февруари 2025 година, во истиот период (08:30 – 16:00 часот).
На 27 февруари 2025 година, од 09:00 до 16:30 часот, без струја ќе останат потрошувачите во селата Лабуништа, Подгорци, Бороец, како и каменоломите Ирфан Влаши и Беким Хани.
Прекини ќе има и на 27 февруари 2025 година, во периодот од 15:00 до 16:30 часот, кога без електрична енергија ќе бидат Вевчани, Октиси, индустриската зона Лабуништа, Велешта, бензинската станица Макпетрол, објектот Алуминa, селата Добовјани и Делогожда.
Се препорачува жителите на овие населени места да ги прилагодат своите активности според најавените прекини.