Во Паркот на поезијата во Струга во организација на здружението „Аква“ денеска им беше оддадена почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.
Денеска, со длабока почит и солидарност, им оддадовме чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. Младите и жителите на Струга, во тишина и со запалени свеќи, оддадоа почест на секој изгубен живот, споделувајќи болка и поддршка со нивните семејства, посочуваат од „Аква“.
Струга и стружани се со Кочани – во мислите, во срцата и во солидарноста!, велат од Здружението.
извор:OhridNews