Грција во понеделникот потпиша нов одбранбен договор со Франција за купување на 16 противбродски ракети „Егзоцет“, што е најново во серијата набавки на оружје со цел зајакнување на воените капацитети на земјата.
Министерот за одбрана Никос Дендиас го потпиша договорот во понеделникот во Атина заедно со неговиот француски колега Себастиен Лекорну, за време на неговата официјална посета на грчката престолнина, пишуваат странските медиуми, пренесува Телеграф.
Иако министрите не ја открија вредноста на договорот, тој означува продолжување на растечките одбранбени врски на Грција со Франција.
„Грција не се заканува, туку е загрозена“, рече Дендиас во заедничката изјава за печатот, осврнувајќи се на тензичните односи на Грција со Турција, со која има долгогодишни спорови за територијалните граници во Егејското Море и источниот Медитеран.
Двата сојузници на НАТО неколкупати се доближија до воен конфликт во изминатите неколку децении.
И купувањето на ракети додава на пошироката програма за модернизација на Грција, која започна по долгогодишно намалување на трошоците за одбрана за време на финансиската криза 2010-2018 година.
Атина планира да инвестира 25 милијарди евра во следната деценија за да ги модернизира своите вооружени сили и да се прилагоди на „новите форми на високотехнолошка војна“.