Учениците од Струга и Охрид создаваат уникатна симфонија

Кога звуците на кујната стануваат музика…– настан каде што учениците споделија повеќе од само рецепти и ноти!

Во рамки на интер-училишната размена, учениците од Државно музичко училиште Струга и РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид се поврзаа преку заеднички активности кои ги обединија гастрономијата и музиката.

– Учениците од „Ванчо Питошески“ презентираа и подготвија цимет ролнички, споделувајќи техники и совети за подготовка на овој десерт.

– Учениците од музичкото училиште возвратија со „Kitchen Symphony“ – музичка композиција инспирирана од звуците што се создаваат во кујната, користејќи современи алатки и вештини за аудио продукција.

Europe House Struga ја поддржа иницијативата на ученичките заеднци а настанот покажа како преку размена на знаење, практична соработка и тимска работа, учениците учат едни од други и создаваат нови, креативни искуства.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ