Југуларни катетери под ЕХО во Нефрологија – Струга

Во рамките на континуираните напори за унапредување на услугите и грижата за пациентите, Специјализираната Болница за Нефрологија – Струга започна со примена на нова процедура: поставување на југуларни катетери под ЕХО. Оваа постапка под ехо го прави процесот побезбеден и поконтролиран. Поставувањето на југуларни катетери кај пациентите кои се лекуваат со хемодијализа има повеќе предности, како што се:
• намален ризик од венска стеноза,
• побезбедна и полесна положба за манипулација за време на хемодијализата и секојдневно одржување,
• помал ризик од инфекции во споредба со феморалната вена,
• подобар проток на крв,
• полесно поставување под ехографија.

Целата оваа иницијатива е реализирана во соработка со Клиниката Von Basedow од Германија.

Горди сме што носиме модерни методи во здравствената грижа во нашата болница и искрено му се заблагодаруваме на Д-р Шкељќим Реќи – специјалист анестезиолог, кој одржа професионална едукација за оваа напредна процедура и за неговата посветеност.

Наскоро, соработката со германската клиника ќе продолжи и со една значајна донација на медицинска опрема.

Во фокусот на нашата мисија секогаш стои пациентот. Затоа, ќе продолжиме посветено да аплицираме нови методи и технологии кои го подобруваат квалитетот на третманот и здравјето на нашите пациенти.

Др. Јетмир Зиба

ОСТАНАТИ ВЕСТИ