Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во источните и јужните делови на земјата. Минималната температура ќе се движи од 8 до 15, а максималната од 18 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Во одредени делови од котлината се можни услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во недела се очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. На истокот врнежите ќе бидат поинтензивни, со количини над 30 литри на метар квадратен. Повремен локален дожд ќе има и во понеделник во претпладневните часови, додека до среда ќе дува засилен северен ветер.