Страшна несреќа во Австрија- воз удри во камион од Хрватска, па се запали (ФОТО)

Според информации објавени во хрватските медиуми, дообра несреќа се случила кога камион со регистарски ознаки од Вараждин се судрил со патнички воз. По ударот, двете возила се запалиле, а неколку лица се здобиле со повреди, пренесува Телеграф.

Четири лица се повредени во судирот, од кои едно е во потешка состојба. Противпожарните служби реагирале веднаш, го изгаснале пожарот, го обезбедиле местото на несреќата и ги евакуирале патниците, при што им била укажана и прва помош.

Еден од патниците, кој се здобил со тешки повреди, бил пренесен со хеликоптер во болница. Според портпаролот на пожарникарите Вајц, со брза интервенција е избегната поголема трагедија.

Како што наведува порталот GPMaljevac, инцидентот се случил на необезбеден железнички премин. Според податоци од австриските медиуми и потврда од локалната полиција, камионот го управувал 36-годишен државјанин на Непал.

Првичните наоди укажуваат дека возачот не го забележал црвеното светло на преминот и влегол на шините во момент кога пристигнувал возот. Судирот предизвикал експлозија на горивниот резервоар, по што пламенот се проширил и на возот.

Возачот на камионот успеал да се извлече пред огнот целосно да го зафати возилото, но притоа се здобил со сериозни повреди. Во моментот на несреќата, во возот се наоѓале осум патници.

Како резултат на судирот, железничкиот сообраќај на таа делница бил привремено во прекин.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ