„Монструм, потресно“… Ова е едно од најзгрозувачките видеа што осамна во светот. Маж на аеродром во Москва, без причина треска од земја 18-месечно детенце кое стои до него, додека мајката е по количката и багажот.
Потресна снимка, снимена на аеродром во Москва, го обиколи светот.
На неа е прикажан ужасниот момент кога турист крева и фрла беспомошно 18-месечно дете со глава на подот на аеродромот.
Момчето сега се бори за живот. Тоа е во кома со сериозни фрактури на черепот и повреди на ‘рбетот.
Според изворите на DailyMail, детето и неговата мајка избегале од бомбардирањето во Иран и штотуку пристигнале во Русија.
Осомничен е Владимир Витков (31) од Белорусија. Тој е снимен како го набљудува детето кое стои покрај неговиот куфер, потоа се уверува дека никој не го гледа и го прави грозоморното дело.
Настанот се случил додека бремената мајка на детето ја подигала количката по пристигнувањето на нивниот лет.
Еден човек веднаш притрчал на помош на тешко повреденото дете, а руските власти испитуваат дали нападот имал расистичка или друга основа.
Очевидци велат:
„Монструм под дејство на дрога зграпчи мало дете и го фрли на подот со сета сила. Ова е навистина тешко за гледање.
Се надеваме дека овој монструм ќе ја добие максималната казна според законот. Му посакуваме на детето брзо закрепнување, а на родителите сила да го издржат ова…“
Според властите осомничениот не можел да ги објасни своите постапки.
Пред нападот, Витков пристигнал во Москва од Кипар или Египет, а набргу по инцидентот бил уапсен и сега е под истрага за обид за убиство.
Витков наводно има ќерка на иста возраст како момчето што го нападнал. Негова пријателка изјавила дека е „шокирана“ од неговото однесување.
Инцидентот се случил малку пред полноќ, на аеродромот Шереметјево, кој е најпрометниот во Русија, со повеќе од 40 милиони патници и над 300.000 летови годишно.
Вознемирувачкото видео:
