Милевски: Додека сум јас селектор, никој нема да биде потценет, па ниту Лихтенштајн

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, на денешната прес-конференција пред мечот со Лихтенштајн ги искажа своите очекувања.

Како што рече предодникот на македонскиот национален тим, ќе се влезе без потценување и максимално сериозно и на овој, како и на сите натпревари.

„Според ранкгингот Македонија е фаворит, но имаме максимален респект кон репрезентацијата на Лихтенштајн и кон сите противници. Нема фаворити на терен, има само на хартија. Ние сме решени да го дадеме максимумот за три бода, кои се најважни во моментов. Додека јас ја предводам оваа селекција, никогаш и на никаков натпревар нема да го потценам противникот, а најмалку Лихтенштајн кој покажува дека има свои амбиции и свој стил на игра. Затоа максимално сериозно работиме и се подготвуваме. Сето она што го правиме во последните денови, и оној меч со Саудиска Арабија, беше подготовка за овој меч. И повторно ќе кажам, се надевам на три бода“, изјави Милевски.

Милевски рече дека нема проблеми со повредени играчи, единствено еден суспендиран играч.

„Сите се во комбинација, сите се здрави, освен Висар Муслиу кој има жолти картони“, изјави Милевски.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ