Ливерпул купи играч за 150 милиони евра и го направи најскапиот трансфер во англиската Премиер-лига

Падна трансфер рекорд во Премиер-лигата. Денешниот ден ќе биде запишан во историјата на англиското фудбалско првенство затоа што Ливерпул го сруши рекордот во висина на трансфер на еден играч во најсилната лига во Светот.

Актуелниот англиски првак успеа да го ангажира Александар Исак од Њукасл за сума од 125 милиони фунти плус бонуси, или вкупно 150 милиони евра. Со тоа во последниот ден од преодниот рок заврши сагата околу шведсиот напаѓач, која траеше цело лето. Исак најпрво одбиваше да тренира со Њукасл, барајќи трансфер во Ливерпул, но клубот не му дозволи, за на крај пред самиопт финиш од преодниот рок да попушти.

Ливерпул претходно го сруши рекордот во Премиер-лигата со ангажман на Флоријан Вирц за 125 милиони евра, а на третото место сега е трансферот на Енцо Фернандез во Челси, кој изнесува 121 милион евра.

Интересно е што и излезниот трансфер од Премиерлигата го држи Ливерпул, кога го продаде Филипе Кутињо на Барселона за сума од 135 милиони евра.

Најскап трансфер во историјата на фудбалот и натаму останува на Нејмар од Барселона во ПСЖ. Францускиот клуб во 2017 година за Бразилецот плати 222 милиони евра.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ