Ерата на Жозе Мурињо на клупата на турскиот гигант Фенербахче е завршена. Клубот од Истанбул утрово преку официјално соопштение потврди дека португалскиот стратег повеќе не е дел од тимот.
„Се разделивме со Жозе Мурињо, кој беше менаџер на нашиот професионален фудбалски тим во сезоната 2024/2025. Му благодариме за трудот и посветеноста и му посакуваме успех во понатамошната кариера“, соопшти Фенербахче.
Мурињо го предводеше клубот на 62 натпревари, при што оствари 37 победи, 14 ремија и 11 порази.
Само еден ден претходно, отказ доби и уште еден тренер во Турција. Бешикташ се раздели со Норвежанецот Оле Гунар Солскјер, кој беше назначен на 18 јануари годинава и остана на клупата точно осум месеци.