Јапонија бележи рекорден број на стогодишници, речиси 100.000

Бројот на стогодишници во Јапонија се искачи на рекордни 99.763, објави денес јапонската влада.

Ова е 55-та година по ред во која се зголемува бројот на стогодишници, објави „Кјодо“.

Се проценува дека бројот на лица над 100 години ќе се зголеми за 4.644 во споредба со претходната година, што завршува на 15 септември, според информациите од Министерството за здравство, труд и социјална политика.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ