Силен земјотрес ја погоди Камчатка, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот брег на Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

По силниот земјотрес, беше прогласена закана од цунами за Камчатка и Курилските Острови, соопшти гувернерот на рускиот регион, Владимир Солодов.

Според Руската геофизичка служба, земјотресот бил со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар се наоѓал на 123 километри од Петропавловск-Камчатски, на длабочина од 46,8 километри, соопшти таа.

Сите служби во регионот Камчатка се ставени во состојба на зголемена готовност и во моментов нема информации за разурнувања или сериозни штети, објави Солодов. Според пресметките на регионалното Министерство за вонредни ситуации, во населените подрачја, се очекува брановите да бидат „не повисоки од 26 сантиметри во Алеутскиот општински округ, не повисоки од 37 сантиметри во Општинскиот округ Уст-Камчатски и не повисоки од 9 сантиметри во Градскиот округ Петропавловск-Камчатски“.

Највисоките бранови се можни во областа на ’ртот Мајачни и плажата Халактирска – до 120 сантиметри.

На жителите им беше кажано да се оддалечат од брегот, а на бродовите во крајбрежните води им беше советувано да „се сместат во океанот над 50-метарската изобат; курсот треба да биде директно кон брегот“.

Гувернерот ги повика граѓаните да останат смирени и да обрнат внимание на информациите од официјални извори. Раководителот на сеизмолошката станица Јужно-Сахалинск, Елена Семенова, изјави дека е прогласена закана од цунами и во Северо-Курилскиот округ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ