Репрезентацијата на Германија е новиот европски првак во кошарка, откако во финалето вечерва во Рига, ја победи Турција со 88-83.
Во спектакуларно финале, Германците успеаја на крајот да дојдат до трофејот благодарение на прецизните шутеви во финишот, со кои направија оглем пресврт, откако по првиот дел имаа негатива од шест поени разлика. Но, успеаја сето тоа да го надополнат во третиот и во четвртиот период, и така да ги обединат светската и европската титула.
Залунда беше „симултанката“ на Шенгун кој постигна 28 поени, а кај Германија најефикасен беше Бонга со 20 поени, додека Вагнер постигна 18.
Претходно Грција го освои третото место, откако во „малото финале“ ја совлада селекцијата на Финска со 92-89.
