Американската војска нападна брод од Венецуела: Трамп итно се огласи – има мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американската војска извршила повторен напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица.

Трамп ја сподели информацијата преку своите профили на социјалните мрежи.

Трамп вели дека нападот се случил само две недели по претходната акција на американските сили против друг брод со дрога од Венецуела, во кој загинале 11 лица.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ