Хакерска група поврзана со Северна Кореја изврши сајбер напад врз јужнокорејски организации, вклучувајќи ги и институциите поврзани со одбраната, користејќи длабоки лажни слики генерирани од вештачка интелигенција, покажа денес извештајот на безбедносниот институт на Јужна Кореја.
Во извештајот на Центарот за безбедност „Генијанс“ (GSC) се вели дека групата Кимсуки, хакерска единица за која се верува дека е спонзорирана од севернокорејската влада, се обидела да изврши сајбер напад со персонализирани е-пораки кои се претставуваат како доверливи извори – против организација поврзана со војската во јули, објави Јонхап.
Според извештајот, напаѓачите испратиле електронска пошта со прикачен злонамерен код.
